Top Sport

Зидан: Знам кај сум, ќе се борам до последен ден!

Тренерот на Реал Мадрид, Французинот Зинедин Зидан пред денешниот меч во рамки на осмото коло на Ла лига против најпријатното изненадување Гранада изјави дека иако е под притисок, до последен ден ќе се бори да остане на клупата на Кралскиот клуб.

Реал е прв на табелата во Шпанија со 4 победи и 3 нершени, но Зидан и неговите фудбалери се под постојани критики во јавноста, пред се поради вторничните 2-2 против Клуб Бриж на „Бернабеу“.

„Знам каде сум и овде е секогаш така. Таква е улогата на тренерот. Ќе се борам до последен ден затоа што уживам во ова што го работам. Не сме во толку лоша состојба. Фокусирани сме на она што можеме да го направиме на теренот затоа што не чека меч во кој може да покажеме зошто сме на врвот. Сакаме да сме сигурни дека ќе бидеме на врвно ниво до последниот свиреж“ – рече Зидан.

Денешниот противник на „Кралевите“ е втора на табелата во Ла лига со 14 бода.

Scroll to Top