Фудбалерот на Челси, Хаким Зијеш го отпуштил својот агент и сака да се врати во холандскиот Ајакс до крајот на преодниот рок, тврдат од „БеИН спортс“, откако можноста да се пресели во Милан.
За 29-годишниот Мароканец беа заинтересирани во Италија, но само со опција за позајмица, но по потписот на Шарл де Кетеларе, во Милан повеќе се заинтересирани да донесат нов централен бек. Зијеш го отпуштил агентот и ги прекинал сите контакти со Милан, Монако, Олимпик Марсеј и Лион.
Зијеш играше за Ајакс од 2016 до 2020, кога премина во Челси за 40 милиони евра и би можел да биде замена за Антони кај „копјаниците“, ако се оствари неговиот скап трансфер во Манчестер јунајтед.
✈️ #Mercato
? Hakim Ziyech de retour à l'Ajax ?https://t.co/WzoAU9K81w— beIN SPORTS (@beinsports_FR) August 22, 2022