Top Sport

Зијеш и Мазрауи се вратија во мароканската репрезентација

Ѕвездата на Челси, Хаким Зијеш повторно е повикан во мароканската репрезентација за пријателските мечеви со Чиле и Парагвај, ставајќи крај на 15-месечното отсуство од репрезентацијата под поранешниот селектор, Вахид Халилхоџиќ.

29-годишниот Зијеш по конфликтот со Халилхоџиќ, во февруари објави дека се повлекува од репрезентацијата откако не беше дел од тимот кој се квалификуваше за Светското првенство во Катар. Халилхоџиќ тврдеше дека тој „лажирал“ повреда и дека неговото однесување е „неприфатливо“, но во август доби отказ и беше заменет од Валид Реграгуи.

Во тимот се враќа и дефанзивецот на Баерн Минхен, Нусаир Мазрауи, кој нема играно за Мароко од октомври 2020 исто така поради конфликт со Халилхоџиќ.

Мароко игра со Чиле во Барселона на 23 септември и со Парагвај во Севилја четири дена подоцна во првите мечеви под водство на Реграгуи.

Scroll to Top