Top Sport

Арда Туран замина во фудбалска пензија

Поранешниот фудбалер на Барселона и Атлетико Мадрид, Арда Туран потврди дека заминува во фудбалска пензија на 35 години.

„Сега е време да се остават копачките, во солзи, но со храброст“, вели Туран во објава на Твитер.

Туран ја почна кариерта во Галатасарај во 2004, со кои освои една титула од Турската Суперлига, пред во 2011 година да се пресели во Атлетико Мадрид, со кои ја освои титулата во 2014 година и трофејот од Лига Европа во 2012. Во 2015 година, тој направи трансфер во Барселона, со кои во 2016 освои уште една шпанска титула.

Туран се врати во Турција во 2018 година како позајмен фудбалер во Башакшехир, но таму имаше само 2 гола во 39 меча од 2018 до 2020, по што се врати во Галатасарај во 2020.

Scroll to Top