Top Sport

Зијеш ќе го убедува Онана да потпише со Челси

Фудбалскиот клуб Челси пред три недели го заклучи трансферот на Хаким Зијеш од Ајакс, а челниците на „сините“ ќе се обидат да го искористат овој трансфер за да привлечан на „Станфорд Бриџ“ уште еден играч на клубот од Амстердам.

Менаџерот на Челси Френк Лампард не е задоволен од голманот Кепа Аризабалага и најавите се дека летово ќе го продаде Шпанецот за да донесе нов голман.

Изборот на Ламард бил Андре Онана, соиграчот на Зијеш во Ајакс. Наводно Зијеш треба да го убеди голманот да ја прифати понудата од челси.

Онана има 23 години, а се претпоставува дека неговата цена изнесува помеѓу 40 и 50 милиони евра.

Инаку Онана потекнува од школата на барселона, а член на Ајакс е од јануари 2015 година.

Scroll to Top