Top Sport

„Ѓоковиќ мајсторски ги користи емоциите“

Тренерот и аналитичар Пол Анакон верува дека емоциите имаат големо влијание во успесите што ги постигнува Новак Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер од почетокот на сезоната победил во сите 18 дуели, пред да бидат суспендирани тениските турнири поради коронавирусот тој победи во Австралија и Дубаи, а на почетокот на сезоната со Србија го освои АТП купот.

„Некои играчи им се препуштаат на емоциите, тие често им доаѓаат од главата и знаат да им направат штета. Новак мајсторски ги користи емоциите. Тие го движат. По поразот во финишот на сезоната во Девис купот тој се врати со освојување на АТП купот. Се прашував што ќе се случи на Австралија опен. Дали се очекуваше дека ќе доживее пад по освојувањето на АТП купот поради толку „потрошени“ емоции“? Малку „висеше“ во финалето, но што прават големите игра? Те наоѓаат начин да се врата, да се смират и да го направат она што најдобро го знаат“, рекол Анакон и дополнил.

„Не само што ја освои титулата во Мелбурн туку во позитивно расположение замина во Дубаи, спаси три меч топки во полу-финалето против Монфис, кој играше спектакуларен тенис. Новак потоа во финалето беше неверојатен“.

Пол Анакон во периодот од 2010 до 2012 година го тренирал Роџер Федерер.

Scroll to Top