Хаким Зијеш по секоја цена сака да го напушти Челси. Сега му претстои вистинска трка со времето доколку сака да си ја исполни желбата. Мароканецот не е во преден план кај менаџерот Томас Тухел, веќе му пропадна трансферот во Ајакс, а во меѓувреме Тотенхем покажале интерес за крилниот напаѓач.
Тотенхем го пушти Брајан Хил во Валенсија, а можно е до крајот на преодниот рок од клубот да си замине и Лукас Моура. Доколку се случи тоа на Антонио Конте ќе му треба уште еден играч за да има комплетна ротација на крилните позиции.
Челзи за Зијеш бара меѓу 25 и 30 милиони евра.
Не е невозможно Тотенхем да понуди опција за позајмица, но прашање е дали Челси ќе се согласат на вакво решение.