Top Sport

Зијеш пред преселба во Милан

Хаким Зијеш е пред трансфер од Челси во Милан, тврди италијанскиот весник „Ла република“, кој посочува дека мароканскиот репрезентативец стана прва цел на италијанскиот шампион во летниот преоден рок.

Според изворите на весникот, Челси веќе дале „зелено светло“ за трансферот, кој се очекува да ги чини „росонерите“ околу 25 милиони евра, најверојатно со опција на позајмица со обврска за купување.

29-годишниот Зијеш и покрај заминувањето на Ромелу Лукаку во Интер, најверојатно ќе биде „вишок“ на „Стемфорд Бриџ“ по најавите дека трансферот на Рахим Стерлинг и на Рафиња, иако Барселона се обидува да го „расипе“ трансферот на Бразилецот од Лидс.

Scroll to Top