Top Sport

Зијеш со „шоу“ против Челси во првото полувреме, го посрамоти Кепа (видео)

Хаким Зијеш го покажа целиот свој талент во првото полувреме од мечот од Лигата на шампионите помеѓу Челси и Ајакс на „Стемфорд бриџ“, постигнувајќи фантастичен гол и асистирајќи магично на уште еден за „копјаниците“ да имаат 3:1 предност на гости.

Ајакс дојде во рано водство по автоголот на Теми Абрахам, но „сините“ бргу израмнија со гол од пенал на Жоргињо. Но, тогаш на сцена стапи Мароканецот.

Прво во 20. минута упати една неверојатна асистенција во шестнаесетникот на Челси, пронаоѓајќи го Квинси Промес за водство на Ајакс, за во 35. минута да го постигне можеби најубавиот гол оваа недела, кога од невозможна ситуација од слободен удар го совлада Кепа Аризабалага, кого топката прво го удри во лицето.

Класа фудбалер!

Scroll to Top