Top Sport

Џака е минато, Обамејанг е новиот капитен на Арсенал!

На Гранит Џака му е одземена капитенската лента во Арсенал, потврди менаџерот Унаи Емери, кој објасни дека Пјер-Емерик Обамејанг ќе биде новиот капитен на „топчиите“ по контроверзниот судир со навивачите на „Емирати“ на Швајцарецот.

Џака беше именуван за постојан капитен на Арсенал на крајот на септември по гласањето во соблекувалната на клубот како замена за Лорен Косиелни, кој замина во Бордо. Но, и така влошените односи со навивачите еруптираа на 27 октомври и мечот со Кристал палас, кога тој беше заменет од игра и прво ги провоцираше, а потоа и ги пцуеше сопствените навивачи.

Џака нема настап за клубот од тој инцидент, и не е дел од тимот кој ќе патува во Португалија за меч од Лига Европа, по што англиските медиуми шпекулираат дека тој веќе го одиграл последниот меч за клубот.

Габонецот Обамејанг дојде во Арсенал во јануари 2018 година, а минатата сезона ја освои „златната копачка“ во Премиер лигата и секогаш бил миленик на публиката.

Се јави и Гранит Џака: Ми викаа: Ќе ти ја убиеме жената, ќерката да ти добие рак…

Scroll to Top