Левиот бек на Манчестер сити, Украинецот Олександер Зинченко на денот на неговата свадба мораше да ги разјаснува коментарите на неговата нова сопруга, Влада Седан за менаџерот Пеп Гвардиола по поразот од Лион во Лигата на шампионите.
Во Јутјуб интервју помеѓу ТВ-репортерката Седан и Зинченко, Седан имаше големи критики за тактиката на Гвардиола, обвинувајќи го него за 3:1 поразот од Лион, што предизвика бура реакции кај фановите на Сити.
„Прво, не кажав ништо лошо за нашата тактика, така што не ставајте зборови во мојата уста. Ноќта кога загубивме од Лион не беше вина на менаџерот. Секогаш сум имал целосна доверба во него и тој е број 1. Второ, за мојата сопруга. Иако таа е новинар, исто така е и фан. Во видеото се гледа дека се работи за емоции директно по мечот и таа си даде мислење како секој фан. Пишувам од мојата свадба наместо да уживам во тој момент, бидејќи не можам да го оставам тоа така“, пишува Зинченко на долгиот пост на Инстаграм.