Top Sport

Зинченко „уништен“ по трикот на Александер-Арнолд

Олександер Зинченко беше блиску до солзи на клупата на Арсенал, откако Трент Александер-Арнолд го изигра и му ја протна топката меѓу нозе при израмнувачкиот гол на Ливерпул во дербито кое заврши 2:2.

По фуриозниот старт на „топчиите“ и головите на Габриел Мартинели и Габриел Жесус донесоа 0:2 водство, пред Ливерпул да се врати во финишот на мечот, а Александер-Арнолд го изигра Украинецот пред да му додаде на Роберто Фирмино за израмнување.

Зинченко кратко потоа беше повлечен од игра, и очигледно потегот лошо влијаеше на него на клупата.

Scroll to Top