Зинедин Зидан, тренерот на Реал Мадрид, одржал куса прес-конференција, по шокантниот пораз на неговиот тим, на „Местаља“, од Валенсија (4:1). Против Реал беа судени три пенали, сите во гол ги претвори Карлос Солер, а авто-гол си постигна Рафаел Варан. Реал претходно го отвори резултатот со голот на Карим Бензема.
„По голот падна интензитетот во нашата игра, се смени динамиката на натпреварот. Се што можеше лошо да ни се случи, се случи. Тешко е да се разбере нашата игра. Јас ги одбрав тие 11 играчи, тие се фудбалери на Реал Мадрид, верувам во нив, во секој момент.
Зидан ја презел вината за поразот, а не сакал да го коментира судењето.
„ВАР и судењето не сакам д го коментирам. Судиите се тие кои ги носат одлуките. За овој резултат нема оправдување, се распаднавме по првиот гол. Валенсија не беше тактички супериорна. Вината е моја, морам да најдам решение за лошите резултати“.