Првотимецот на Интер, Пјотр Зјелински ќе отсуствува неколку недели поради повреда на листот на десната нога, соопшти италијанскиот клуб.
Зјелински се повреди во саботата, при победата од 3:2 против Монца во Серија А. Тој влезе во игра во 70. минута, но мораше да го напушти теренот само три минути подоцна.
„Состојбата на полскиот играч за врска ќе биде проценета за неколку недели“, се вели во соопштението.
Зјелински сигурно ќе го пропушти утрешниот реванш осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против Феенорд, со почеток во 21 часот во Милано. Тој оваа сезона одигра 33 натпревари во сите натпреварувања и постигна два гола.