Златан Ибрахимовиќ даде интересно интервју за УЕФА во кое зборуваше за својата долговечност, за тоа дали би му дозволил на Лионел Меси да шутира пенали да се заедно во ист тим и за тоа кој би победил во борбата со Кинг Конг.
„Имам 39 години и со тоа што го направив, немам обврска да играм и да работам, но уште имам страст за фудбалот. Никогаш не сум задоволен и сакам повеќе. Не гледам многу фудбалери на моја возраст што го прават истото. Да го имав овој ум во тело на 28-годишен фудбалер ќе видевте што е фудбал“, вели Ибрахимовиќ.
Златан и Меси кратко беа колеги во Барса, и сега вели дека не би му дал да шутира пенали.
„Кој би шутирал пенали? 100 отсто јас. Јас сум капитен на тимот и кажувам кој ќе изведува пенали. Ќе шутирам три, а потоа ќе му оставам еден. Па потоа, јас следните три“, одговори во свој стил Швеѓанецот.
Тој потоа се сврте на одговори од животинското царство, вистинско и замислено.
„Јас би го уништил Кинг Конг, тоа е сигурно. Што би било полесно да се скроти, Златан или лав? Лав може да скротите, но не и Златан. Тоа е поинакво животно“, вели Ибрахимовиќ, кој според најавите ќе паузира до јануари поради повреда на ногата на тренинг.