Top Sport

Златан, Донарума, Халанд и Де Лихт на погребот на Рајола

Славниот фудбалски агент, Мино Рајола, денеска беше погребан во црквата Сен Шарл во Монте Карло, во приватна церемонија на која присуствуваа фудбалските ѕвезди Златан Ибрахимовиќ, Матијс де Лихт, Ерлинг Халанд и Џанлуиџи Донарума.

Рајола, кој беше роден во Италија, но како дете се пресели со семејството во Холандија, почина на 54 години во Милано на 30 април по долга борба со болест.

Од сите кои беа негови агенти, според италијанските медиуми, тој беше најблизок со Ибрахимовиќ, кој наводно го напуштил тренингот на Милан за да биде покрај него кога му се влошила состојбата. Покрај тие кои беа негови клиенти, на погребот имало и фудбалери кои претходно соработувале со агентот, како ѕвездата на Пари Сен-Жермен, Марко Верати.

Scroll to Top