Златан Ибрахимовиќ смета дека би бил многу подобар од своите шведски сонародници кои настапуваат на Мундијалот во Русија.
36-годишниот ветеран ја прекина кариерата во националниот тим по крајот на Европското првенство во 2016 година, а и покрај шпекулациите дека може да се врати во Русија, тоа на крајот не се случи. Златан постигна 7 гола во 11 настапи за Лос Анџелес галакси оваа сезона.
„Дали е тешко да си само навивач? Не. На почетокот првите натпревари кои ги играа без мене беа поинакви бидејќи мислев дека можам многу подобро од нив. Уште го мислам тоа. Но, доаѓа време во кое мораш да ги оставиш сами и да уживаат, бидејќи јас не сум добредојден поради моето потекло. Јас бев поинаков, но стигнав да бидам капитен на националниот тим. Тоа е тоа“, вели Ибрахимовиќ за „ЕСПН“.
Фото: ЕПА
In med bollen i mål #letsgo #letthegamesbegin #wearethebest #vmguld pic.twitter.com/hLPvCVcuRE
— Zlatan Ibrahimović (@Ibra_official) June 18, 2018