Top Sport

Златан го натерал Калулу да ги соблече ракавиците пред дебито за Милан

Златан Ибрахимовиќ открива дека го натерал младиот дефанзивец на Милан, Пјер Калулу да ги соблече ракавиците при дебито за „росонерите“ во декември.

20-годишниот Калулу пристигна на „Сан Сиро“ минатото лето, и првиот настап за клубот го имаше против Спарта Прага во Лига Европа во декември, и посакал да носи ракавици поради студеното време пред да „налета“ на Ибра.

„Пред неколку недели, Калулу дебитираше за Милан и носеше ракавици. Му кажав да ги соблече! Како може млад централен бек да дебитира со ракавици. Така нема да го исплаши напаѓачот“, вели Ибрахимовиќ.

Тактиката, очигледно, успеала – Милан успеа да не прими гол и стигна до 1:0 победа.

Scroll to Top