Top Sport

Златан и Анте ги вратија Милан на првото место

Златан Ибрахимовиќ и Анте Ребиќ постигнаа по два гола, за да обезбедат Милан да се врати на првото место на табелата во Серија А по декласирањето на фенерџијата Кротоне со 4:0 на „Сан Сиро“.

Ибрахимовиќ, повторно, беше човек на одлука за „росонерите“, постигнувајќи го својот 500. и 501. гол во клупскиот фудбал за да донесе предност, која потоа Ребиќ само ја запечати со два гола за една минута. Златан во 30-тата минута со одличното проигрување со Рафаел Леао ги донесе домаќините во водство, пред во 64. минута да добие одлична топка од Тео Ернандез за втор гол, односно шести пат оваа сезона да постигне најмалку два гола на меч. Потоа, редот дојде на Анте Ребиќ, кој во 69. и 70. минута, односно за 69 секунди да постигне два гола за убедлива победа.

„500 гола? Тоа значи дека сум постигнал доста голови во кариерата. Но, најважно е да се продолжи и да се помогне на тимот на најдобар начин. Мене работата ми е да креирам ситуации за гол. Мораме да ги искористиме сите шанси“, изјави Ибрахимовиќ.

Милан се врати на првото место во Серија А со 49 поени, два повеќе од Интер, додека Кротоне останува „фенерџија“ со 12 поени, четири од безбедната зона.

СЕРИЈА, 21.КОЛО

Милан – Кротоне 4:0

Удинезе – Верона 2:0

Scroll to Top