Top Sport

Златан ја „искрши“ главата, Милан не успеа да ја „скрши“ Болоња

Милан пропушти шанса да се одвои на врвот на табелата во Серија А и да направи голем чекор кон скудетото, откак ово понеделникот навечер одигра само 0:0 со цврстата Болоња за да остане на само еден поен пред Наполи.

Во 100. меч на клупата на тренерот Стефано Пиоли, Милан не успеа да профункционира во нападот, прво со Оливие Жиру во нападот, а потоа и со ветеранот и повратникот во тимот Златан Ибрахимовиќ.

Ибрахимовиќ мечот го заврши со преврска на главата откако имаше судир на главите со дефанзивецот на Болоња, Гери Медел во 82. минута, но за разлика од ривалот, тој успеа да го заврши мечот.

По 31 одигран меч, односно на седум меча до крајот на сезоната, „росонерите“ остануваат лидери со 67 поени, еден повеќе од Наполи (66) и четири пред Интер (63), иако „нераѕурите“ имаат меч помалку. Болоња се на 12. место на табелата со 34 поени.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top