Top Sport

Златан, Меси и Кваљарела во борба за „Пушкаш наградата“ за најдобар гол (видео)

ФИФА ги објави десетте кандидати за „Пушкаш наградата“ за најдобар гол во 2019 година, а помеѓу кандидираните се и Лионел Меси, Златан Ибрахимовиќ, како и ветеранот на Сампдорија, Фабио Кваљарела.

За фантастичните голови можете да гласате до 31 август, а од топ 3 според гласовите на јавноста ќе биде одреден победникот од панел на легенди на ФИФА. Прогласувањето ќе биде на доделувањето на ФИФА наградите во Милано на 23 септември.

Помеѓу кандидираните се и Матеус Куња (РБ Лајпциг), Хуан Фернандо Квинтеро (Ривер плата), Аџара Ншут (Камерун), Ејми Родригез (Јута ројалс), Били Симпсон (Клифтонвил), Андрос Таунзенд (Кристал палас) и Даниел Жори (Дебрецен).










Scroll to Top