Top Sport

Златан најверојатно ќе потпише за Хамарби ова лето

Златан Ибрахимовиќ „најверојатно“ ќе потпише за Хамарби ова лето, вели Јеспер Јансон, спортскиот директор на шведскиот клуб, каде што Златан од неодамна е ко-сопственик.

Ибрахимовиќ тренираше со Хамарди додека траеше карантинот во Италија, и ќе биде слободен агент ова лето кога ќе му истече шестмесечниот договор со Милан, и покрај најавите дека клубот би сакал да го заддржи.

Јансон смета дека 38-годишниот ветеран ќе сака да игра во својата татковина пред да стави крај на кариерата.

„Најверојатно ќе биде така, но ќе видиме. Само Златан го знае тоа. Во моментов не ми кажал дека планира да се врати, а јас не морам да му кажам дека ние би сакале да го видиме во составот. Но, сега откако го запознав подобро, сфаќам дека тој нема да каже што ќе прави додека не биде 100 отсто сигурен“, вели Јансон за шведскиот весник „Ескпресен“.

Scroll to Top