Top Sport

Фетел има понуди од Мекларен и Рено

На Себастијан Фетел му е јасно дека Ферари му нудат „еднаков“ статус на Шарл Леклер и дека во тимот сметаат дека возачот од Монако (со договор до 2024 година) е иднината на тимот, и останува да се види дали ова е доволно тој да остане во Италија или да реши да ги прифати понудите од Рено и Мекларен, тврди италијанскиот „Скај спорт“.

Фетел доби понуда од само една година за 2021 година и тоа со драстично намалена плата, и тимот му даде рок до крајот на јуни да се одлучи дали ќе остане во тимот. Италијанскиот новинар Лео Турини, еден од најпознатите инсајдери во Ферари, вели дека ситуацијата за Германецот е „необична“.

„Ферари му понудија обнова на договот за една година, но побараа одговор до јуни, пред да почне сезоната. Тој не е сигурен дали ќе има разлика во менаџментот на возачите, бидејќи Шарл има договор до 2024. Тоа не значи дека Себ ќе биде помошник на Шарл, бидејќи самиот директор на Ферари, Луис Камилери ми кажа дека е невозможно четирикратен светски шампион да биде возач број 2 зад некој кој има две победи“, вели Турини за „Скај спорт“.

Според него, Рено и Мекларен имаат убави понуди за Германецот, кој иронично во Рено би го заменил својот поранешен колега Даниел Рикардо, а во Мекларен би дошол на местото на Карлос Саинс Јуниор. Од друга страна Рикардо и Саинс се поврзувани со местото на Фетел во Ферари.

Scroll to Top