Top Sport

Златан: Не им даваат „Златна топка“ на тие кои го кажуват своето мислење

Златан Ибрахимовиќ смета дека никогаш не бил сериозен кандидат за освојување на „Златната топка“ бидејќи не е „господин совршен“ каков што сака „Франс фудбал“ и каков што најде во Лионел Меси и Кристијано Роналдо, кои никогаш не го искажуваат своето мислење.

Ибрахимовиќ кој во својата долга кариера постигна над 500 голови за своите клубови и не застанува ниту на 40 години со Милан, во интервјуза „Билд“ вели дека не се кае за патот на неговата кариера.

„Тоа се политички награди. Тие го сакаат ‘господин совршен’. Ако го кажуваш своето мислење, тогаш не можеш да ја добиеш. Лесно е да даваат на добрите момци. За мене, тоа не менува ништо, бидејќи ниту ме направи подобар, ниту полош“, вели Ибрахимовиќ, кој најблиску дојде во 2013 година кога беше четврти зад гласањето за „Златна топка“.

Scroll to Top