Според весникот „Ил кориере дело спорт“, напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ не сака да избрзува со камбекот по повредата и нема да биде дел од „росонерите“ за утрешното дерби против Јувентус.
39-годишниот Златан се врати во акција минатиот викенд, кога постигна гол при победата над Лацио, но само неколку дена подоцна на тренинг ја повреди ахиловата тетива и не играше против Ливерпул во Лигата на шампионите во среда.
Според весникот, Ибрахимовиќ се чувствува добро, но не сака да избрзува толку рано во сезоната, така што покрај Анте Ребиќ во нападот ќе биде Оливие Жиру.
#Ibra non ce la fa, si tira fuori per la #Juve ? https://t.co/cMRYEsedzE
— Corriere dello Sport (@CorSport) September 18, 2021