Top Sport

Дини признава: Да го видев Роналдо да јаде коњски измет, и јас би јадел исто!

Откако резервниот голман на Манчестер јунајтед, Ли Грант неодамна призна дека неговите соиграчи почнале да го следат начинот на исхрана на Кристијано Роналдо, поранешниот капитен на Вотфорд, Трој Дини призна дека и тој би го следел примерот на Португалецот, велејќи дека ако Роналдо јаде коњски измет, и тој би го правел истото.

Дини, кој неодамна замина од Вотфорд во Бирмингем сити во Чемпионшип, вели дека мора да се следи примерот на успешните.

„Таа приказна носи вистина со себе. И јас би го правел истото Роналдо да влезе во мојата соблекувална. Всушност, ако го видам Роналдо дека јаде коњски гомна, тогаш и јас би го правел истото. Сите знаат како изгледа физички. Го видовме пред неколку дена кога даде гол против Ирска и го скина дресот каков е. Сите професионални фудбалери сме во добра форма, но мислам дека сите се љубоморни на тие стомачни мускули. Секако, ако ви е соиграч нема да си помислите дека ќе станете како него, но кога ќе го видите професионализмот, ќе сакате да го копирате. Ако тој доаѓа на тренинг во 8 наутро, и јас би бил таму. Ако си оди во 7 навечер, и јас ќе си одам во 7 навечер. Има големи имиња во соблекувалната на Јунајтед, но Роналдо е елита над елитата и претпоставувам дека му се восхитуваат“, вели Дини.

Кристијано им ја сменил и диетата на своите соиграчи

Scroll to Top