Откако денеска „Ла газета дело спорт“ ги разгоре шпекулациите дека кариерата на Златан Ибрахимовиќ е пред заминување од Милан и пензионирање, Швеѓанецот во изјава за шведскиот дневен весник „Свенска дагбладет“ вели дека одлуката уште не е донесена.
Иако е во импресивна физичка подготвеност, фактот е дека Златан се доближува до својот 39. роденден, а паузата поради корона вирусот не помага во неговата одлука за продолжување со „росонерите“.
„Да си заминам од Милан? Ќе видиме, уште не знам што сакам. Секој ден има нешто ново. Сакам да се обидам да го живеам животот целосно, да уживам во животот и да не се грижам премногу. Имам семејство за кое се грижам, тие се добро и јас се чувствувам добро. Не сум премногу загрижен околу корона вирусот, мислам дека кризата ќе помине, а дотогаш ќе ги слушаме експертите“, вели Ибрахимовиќ.
?⚫ IL FUTURO DI IBRA… ??
.
.#Ibrahimovic ha parlato del suo futuro a Svenska Dagbladet: "Vediamo. Non so ancora cosa voglio, ogni giorno succede qualcosa di nuovo. Dobbiamo provare a goderci la vita. Ho una famiglia di cui occuparmi, loro si sentono bene, quindi sto bene". pic.twitter.com/sPYqqfYe0i— MilanNews.it (@MilanNewsit) April 1, 2020