Top Sport

Златан потпишал само шестмесечен договор со Милан за 100.000 евра?

Според италијанскиот весник „Ла република“, Златан Ибрахимовиќ потпишал шестмесечен договор со минимална плата со Милан за да се „покријат“ следните шест месеци од операцијата на коленото.

Швеѓанецот во октомври ќе наполни 41 година, и беше на операција на коленото по крајот на сезоната во која помогна да се освои скудетото, што ќе го заддржи надвор од фудбалот барем седум месеци. Сепак, тој решил да продолжи со фудбалот, а „росонерите“ решиле дека е поважно тој да остане во тимот, а секако помогнало тоа што ќе добие само 100.000 евра за договорот.

Со ваков договор, тој ќе добие шанса да биде дел од тимот и да го комплетира процесот на рехабилитација во центарот на клубот, Миланело. Ако сака да продолжи, Милан се подготвени во јануари да му дадат уште еден шестмесечен договор.

Scroll to Top