Златан Ибрахимовиќ е пред сензационално враќање во својот поранешен клуб, Милан, по двегодишната авантура во американската МЛС лига со тимот на Лос Анџелес галакси.
Галакси загубија со 5:3 од своите градски ривали Лос Анџелес ФЦ во плејофот, по што Швеѓанецот си замина од клубот покажувајќи им ги мадињата на противничките навивачи.
Се сметаше дека Наполи е најблиску до неговиот потпис по изјавите на тренерот Карло Анчелоти, а потоа Златан ги „загреа“ шпанските навивачи со можно враќање во Ла лига, за на крајот тоа да се покаже како промотивна кампања за обложувалница.
Сега, според шпанска „Марка“, Златан најверојатно ќе заврши кај „росонерите“. Швеѓанецот има 148 гола и 61 асистенции во 294 меча во Серија А за Милан, Интер и Јувентус, а на Милан им е потребен добар напаѓач – Златан има 31 гол и 8 асистенции во 31 меч за Галакси.
Паоло Малдини, сега директор на Милан, признава дека би сакал да го види поранешниот соиграч во клубот.