Top Sport

Златан: Прво го мразев Михајловиќ, сега би одел во војна за него

Златан Ибрахимовиќ имаше само пофални зборови за својот стар пријател, тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ, и во интервју за „Ла Газета дело спорт“ тврди дека иако на почетокот не можел да го трпи, потоа српскиот тренер ја добил неговата целосна доверба.

„Мислам дека Синиша е голем човек, и имав среќа што го запознав како личност. Не се сакавме на почетокот, но кога го запознав подобро во Интер тоа беше љубов на прв поглед. Порано велев: ‘Ако одам во војна, го сакам Сини напред, јас во вториот ред’“, вели Ибрахимовиќ на промоцијата на новата автобиографија на тренерот.

И Михајловиќ мисли исто.

„Сакав да го убијам кога игравме Јувентус-Интер. Мислев само најлошо за него. За среќа ништо не се случи, а потоа кога дојде во Интер сфатив дека е одлично момче и горд сум што сум му пријател“, објаснува Михајловиќ.

Златан признава дека бил блиску до потпис со Болоња, пред да реши да продолжи со Милан.

„Синиша секогаш бил посилен од мене. Кога беше болен му кажав: ‘Само кажи што треб, а јас ќе го направам’. Тој направи многу да ме донесе во Болоња, ги кажа вистинските работи, но бев искрен со него, не трчам како порано. Тој ми кажа дека треба да седам напред и да давам голови. Ќе потпишев со Болоња бесплатно само поради него, но потоа дојдоа Милан. Не беше изборот помеѓу Болоња и Милан, туку помеѓу играње и пензионирање“, открива Ибрахимовиќ.

Scroll to Top