Top Sport

Златан сакал враќање во ПСЖ ова лето?

Француските медиуми тврдат дека Златан Ибрахимовиќ прво се обидел да издејствува враќање во Пари Сен-Жермен пред да потпише продолжување на договорот со Милан.

Ибрахимовиќ потпиша едногодишен договор со „росонерите“ во април, а францускиот весник „Ле паризиен“ тврди дека неговиот агент Мино Рајола прво преговарал со ПСЖ за враќање во Париз, пред да добие „корпа“ од „светците“.

Ибрахимовиќ играше четири сезони во ПСЖ, постигнувајќи 156 гола во 180 меча, пред да се пресели во Манчестер јунајтед во 2016. 39-годишниот Швеѓанец сметал дека со ПСЖ има шанси да ја освои титулата од Лигата на шампионите во новата сезона, бидејќи тоа е му единствениот голем клупски трофеј кој му недостасува.

Според „Паризиен“, спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо отфрлил било каква можност за договор, по што Ибра се согласил на договор од 7 милиони евра за 2021/22.

Scroll to Top