Top Sport

Златан се врати во Шведска

Италијанските медиуми објавија дека Златан Ибрахимовиќ се вратил во Шведска за третман за повредата на мускулот на ногата на тренинзите со Милан.

Според „Скај спорт Италија“, клубот му дозволил на 38-годишниот ветеран да го напушти тренингот и тој ова попладне се вратил во својата татковина. Првите прогнози велат дека Швеѓанецот го очекува пауза од еден месец, но првичните вести за скината ахилова тетива се покажаа како неточни.

Во клубот очекуваат тој да се врати во Милано следната недела, кога повторно ќе мора да оди во карантин пред да му биде дозволено да се врати на тренинг. Неговата иднина по крајот на сезоната во Серија А останува неизвесна и многумина очекуваат тој да се врати во Шведска во клубот каде што е делумен сопственик, Хамарби.

Scroll to Top