Златан Ибрахимовиќ вели дека не се плаши од играње на снег, откако противник во МЛС плејофот на Лос Анџелес галакси им е Минесота јунајтед, објаснувајќи дека кога е студено тој „станува викинг“.
Ибрахимовиќ ги врати Галакси во МЛС плеј-офот, но ги чека тешко гостување кај изненадувањето на сезоната Минесота, а во Минеаполис во студените месеци од има многу снег и многу студ. Златан, чиј татко е Бошњак, а има мајка Хрватка, е роден и израснат во Шведска и вели дека нема никаков проблем.
„Јас сум од Шведска, израснат сум во снег. Кога врне снег, тогаш сум викинг. Кога е топло, тогаш сум лав. Се привикнувам на било какви услови“, вели Ибра.
Ибрахимовиќ постигна 30 гола во 29 меча во сезоната 2019, враќајќи ги Лос Анџелес во плеј-офот откако во првата сезона не успеа да го направи тоа по поразот во последното коло.
Доколку Галакси ги минат Минесота, одат на градските ривали Лос Анџелес ФЦ во полуфиналето на Западната конференција. Галакси и Лос Анџелес ФЦ имаа два трилер меча оваа сезона – Златан постигна хет-трик за 3:2 победа во јули, пред во реваншот во август да има два гола во 3:3 ремито.
Тој веќе ја почна војната со зборови со напаѓачот на ЛАФЦ, Карлос Вела, кој го сруши рекордот во МЛС со 34 постигнати голови.
„Тој е добар играч, но правите една грешка, го споредувате него со мене. Тоа е голема грешка“, вели 38-годишниот Швеѓанец.
“When it snows, I’m a viking. When it’s warm, I’m a lion.” – @Ibra_official when asked about playing in Minnesota ?#MINvLA | #MLSCupPlayoffs pic.twitter.com/OCSaTqZnKT
— LA Galaxy (@LAGalaxy) October 16, 2019