Top Sport

Ферари нема да дозволат Тото Волф да ја води Формула 1

Извршниот директор на Ферари, Луис Камилери вели дека неговиот тим ќе го искористи ветото доколку има предлог сегашниот шеф на Мерцедес, Тото Волф да го преземе водењето на Формула 1.

Волф подолго време е поврзуван со најодговорната работа во Формула 1, која во моментов ја извршува Чејс Кери, по крајот на неговиот договор оваа сезона. Камилери вели дека Австриецот не може да биде лидер на Ф1.

„Секој кој бил активен и важен член на одреден тим во Формула 1 во последните неколку години не може да биде лидер на спортот, бидејќи така се создава конфликт на интереси. Не би било добро за Формула 1 Тото Волф да го води спортот. Доколку ние предложевме Матија Биното да биде замена за Чејс, верувам дека никој тим нема да биде задоволен. Ако има потреба, ќе го искористиме правото на вето. Ќе ја објасниме нашата позиција јасно на газдите во ’Либерти медија’“, вели Камилери.

Scroll to Top