Нормално, бидејќи се работи за Златан Ибрахимовиќ, неговиот трансфер во Лос Анџелес галакси не можеше да помине така едноставно. Затоа Швеѓанецот со цела страна реклама во „ЛА тајмс“ реши да се најави на американската публика.
Манчестер јунајтед во четвртокот се согласи да му ги „прости“ последните четири месеци од договорот, и сега Швеѓанецот наводно има двегодишен договор со Галакси, нешто што уште официјално не е потврдено.
Во огласот убаво си стои: „Лос Анџелес, добредојдени сте“. Тука добродојдени е во преносна смисла во англискиот јазик, односно како вообичаен одговор на благодарам. Можеби е апсолутно егоистична будала, но никој не го прави тоа како Златан.