Златан Ибрахимовиќ постигна два гола, а Милан стигна до импресивна 4:1 победа на гостувањето кај Сампдорија, со што Швеѓанецот стана првиот фудбалер во историјата кој има постигнато над 50 голови за двата клуба од Милано, Милан и Интер.
Со овие два гола, 38-годишниот Златан има вкупно 51 постигнато голови за „росонерите“, откако постигна 42 во 61 меча од 2010 до 2012, и девет гола од враќањето во Милано во јануари. Ибрахимовиќ исто така има и 57 гола за Интер од 2006 до 2009, со што е првиот фудбалер кој постигнал над 50 гола за двата легендарни клубови. Златан исто така има 553 гола во 934 меча, достигнување до кое од активните фудбалери имаат стигнато само Лео Меси и Кристијано Роналдо.
Ибрахимовиќ го отвори резултатот во 4. минута, пред Хакан Чалханоглу во 54. минута да зголеми на 0:2, а само четири минути подоцна му асистираше на Ибрахимовиќ за вториот гол. Самп пропушти шанса да се доближи со промашениот пенал на Марони во 78. минута, но Аскилдсен со убав гол во 87. минута намали на 1:3, пред Рафаел Леао во 92. минута да ги постави конечните 4:1. Со победата, Милан се одвои на четири поени пред Наполи на шестото место на табелата.
Во борбата за опстанок, Џенова на Горан Пандев загуби со катастрофални 5:0 на гостувањето кај Сасуоло, за да ја продолжи битката со Лече за опстанок во лигата, откако Лече ги изненади Удинезе на Илија Несторовски со 2:1 победа. Двајцата македонски репрезентативци беа стартери на мечевите, но не успеаја да се запишат во листата на стрелците.
Овие резултати значат дека пред последното коло Џенова на 17. место има 36 поени, само еден повеќе од Лече на 18. место. Во последното коло, Грифоне на Пандев игра дома со Верона, додека Лече игра со Парма.
Чиро Имобиле, пак, постигна гол при 2:0 победата на Лацио над „отпишаната“ Бреша за да се одвои на четири гола пред Кристијано Роналдо во трката за најдобар стрелец во италијанската Серија А. Со 35 постигнати голови, Имобиле исто така го помина Роберт Левандовски како најдобар стрелец во топ 5 европските лиги.
СЕРИЈА А, 27.КОЛО
Лацио – Бреша 2:0
Сампдорија – Милан 1:4
Сасуоло – Џенова 5:0
Удинезе – Лече 1:2
Верона – СПАЛ 3:0
САМПДОРИЈА – МИЛАН
ЛАЦИО – ВЕРОНА
САСУОЛО – ЏЕНОВА
УДИНЕЗЕ – ЛЕЧЕ