Златан Ибрахимовиќ не е човек кој честопати гледа нагоре кон некого, но на гостувањето на НБА мечот меѓу Лос Анџелес лејкерс и Минесота тимбервулвс, конечно најде таков човек – Шекил О’Нил.
Шведскиот напаѓач се навикнува на животот како играч на Лос Анџелес галакси, и се пофали со средбата со 2.16 метри високиот Шекил со едноставна порака „ XL vs XXXL!“. Ибра самиот не е низок човек – има 1.95 метри.
Ибрахимовиќ, кој претходно го гледаше и НХЛ тимот на Лос Анџелес кингс во акција, во „Стејплс центарот“ беше придружуван со неговата партнерка Хелена Сегер и нивните деца Максимилијан и Винсент. О’Нил играше за Лејкерси од 1996 до 2004.