Top Sport

Златан заминува од Милан, не доаѓа ниту Тијаго Силва

Златан Ибрахимовиќ дефинитивно ќе си замине од Милан на крајот на сезоната и ќе се врати во Шведска во Хамарби, тврди „Ла газета дело спорт“, посочувајќи дека односите на Швеѓанецот со управата на клубот се целосно нарушени.

Ибрахимовиќ неодамна го критикуваше извршниот директор на Милан, Иван Газидис за правецот во кој се движи клубот, а желбата да се врати во клубот каде што е делумен акционер е голема откако карантинот го помина со тренинзи со Хамарби.

Сепак, дотогаш, Ибра останува фокусиран да помогне Милан да се квалификува за Лига Европа и се надева дека ќе може да се врати во составот против Лече на 22 јуни.

Ниту наводното сигурно враќање на Тијаго Силва во тимот не е остварливо, откако Евертон ја има предноста во трката за Бразилецот, кој заминува од капитенската позиција во Пари Сен-Жермен. Карло Анчелоти е клучниот фактор во желбата на Бразилецот да дебитира во Премиер лигата на 36 години.

Scroll to Top