Top Sport

Агентот потврди дека Кутињо сака назад во Ливерпул

Филипе Кутињо преку својот агент му порачал на Јирген Клоп дека сака да се врати на „Енфилд“ по неверојатниот пад на неговата вредност по авантурите во Барселона и Баерн Минхен.

Бразилецот го оствари својот сон и потпиша за Барселона за рекордни 160 милиони евра во јануари 2018 година, но откако не успеа да се наметне во Блауграна, минатата сезона беше испратен на позајмица во Баерн Минхен, кои потврдија дека нема да ја искористат опцијата за постојан трансфер.

Околу 28-годишниот Кутињо имаше многу шпекулации за враќање во Премиер лигата наредната сезона, со Арсенал како најзаинтересиран клуб, меѓутоа, сега постои можноста тој да се врати во клубот во кој го „направи“ своето име.

Не е јасно колку пари би сакале Барселона за договорот на Кутињо, но претпоставката е дека каталонскиот гигант сака да врати дел од парите кои ги инвестираше во Бразилецот и да се ослободи од него.

Scroll to Top