Златната копачка за најдобар европски стрелец оваа сезона заврши во рацете на Килијан Мбапе. Главни конкуренти на Французинот му беа Виктор Џекерес од Спортинг и Мохамед Салах од Ливерпул.
Иако не постигна повеќе голови од Џекерес, поради системот на коефициенти на лигата, тој освои најмногу поени, 62 за 31 постигнат гол.
Џекереш заврши на второто место со 58,5 поени за 39 постигнати голови, додека Мохамед Салах е трет со 58 поени за 29 постигнати голови.
Мбапе дојде во Реал за да освојува трофеи и големи индивидуални награди. До најважните трофеи не успеа да дојде во првата сезона, но затоа прв пат во кариерата стана Златна копачка.
Тој може да се пофали и дека е првиот играч на Реал Мадрид што ја освоил оваа награда по Кристијано Роналдо во 2015 година.