Најдобриот играч на Барселона, Лионел Меси, објаснил зошто не се појавил на доделувањето на наградата „Златна топка“. Признанието на „Франс фудбал“ го доби хрватскиот репрезентативец, Лука Модриќ.
Многумина беа разочарано кога Меси не се појави на свечената церемонија во Париз. Коментарите најчесто беа дека тој со тоа што не се појавил сакал да покаже дека не се согласува дека Модриќ е најдобриот во светот.
Меѓутоа Меси, кој во гласањето учествуваше како капитен на Аргентина, најмногу поени му дал токму на Модриќ.
„Не дојдов на доделувањето на наградите бидејќи знаев дека нема да победам. Дали сум втор, трет или сум на четвртото и петтото место, тоа не е важно“, рекол Меси.