Top Sport

„Знаев што ќе направи Мурињо и пак тој победи“

Тренерот на Арсенал Микел Артета е разочаран од поразот на неговиот тим во дербито со Тотенхем. Вечрва Жозе Мурињо со Тотенхем го победи Арсенал на Артета со 2:1. Голот за победа на Тотенехме го постигна Тоби Алдервирелд во 81 минута.

Арсенал во поголемиот дел од натпреварот беше тимот кој ја контролираше играта, меѓутоа одбраната по кој знае кој пат сезонава правеше катастрофални грешки.

„Знаев што ќе направи и повторно победи. Секогаш наоѓа начин да победи“, рекол Артета и дополнил.

„Жал ми е за момците и разочаран сум. Ги теравме да играат со долги топки, тоа го сакавме, но кока ќе примите такви голови…“.

Арсенал во наредната рунда игра уште едно дерби, во Лондон доаѓа шампионот Ливерпул.

Scroll to Top