Top Sport

Рено вложи жалба на болидите на Рејсинг Поинт

Екипата на Рено вложила жалба на болидите на Рејсинг Поинт по завршувањето на трката за Големата награда на Штаерска.

Траката не ја заврши Естебан Окон од рено, додека неговиот колега Даниел Рикардо го освои осмото место. Пред него беа двајцата возачи на Рејсинг Поинт, чеко Перез и Ленс Строл.

Во Рено виделе некакви неправилности и веднаш ги пријавиле болидите на Рејсинг Поинт. Според луѓето од Рено, во Рејсинг Поинт во целост го копорале болидот на Мерцедес.

Рејсинг Поинт уште пред почетокот на сезоната го добија прекарот „розевиот Мерцедес“ бидејќи основата е минатогодишниот болид на Мерцедес.

Scroll to Top