Top Sport

Зомер одбрани два пенали, Леверкузен сепак победија во Менхенгладбах

Фудбалерите на Баер Леверкузен, во Менхенгладвбах, ја победија Борусија со 2:1. Леверкузен победија и покрај тоа што не реализира две најстроги казни.

Фантастичен натпревар одиграа Борусија и Баер, упатија 49 удари кон голманите, домашните 17, гостите 32.

Јан Зомер, голманот на Борусија имаше неколку брилијантни одбрани, плус одбрани два пенали, најпрвин го спречи Шик во 50., а потоа и Демирај во 87.минута.

Леверкузен победија со головите на Андрих во 51. и Шик во 74.минута. Чехот досега има постигнато 18 голови во Бундеслигата. Единствениот гол за Борусија го постигна Елведи во 81.минута.

Scroll to Top