Top Sport

Зоран Мамиќ упасен во БиХ

Поранешниот тренер на Динамо Загреб, Зоран Мамиќ, претпладнево бил уапсен од полицијата на Босна и Херцеговина во Меѓугорје, по потерницата која по него ја има распишано Хрватска.

Зоран Мамиќ, пред неколку месеци, беше осуден на затворска казна од четири години и осум месеци, бидејќи заедно со својот брат Златко и уште две лица го оштетиле буџетот на Динамо и Република Хрватска.

Агенцијата „Хина“, објави дека во текот на денот Зоран Мамиќ ќе се појави пред истражен судија, кој треба да реши дали тој ќе биде екстрадиран во Хрватска.

Зоран Мамиќ, како и неговиот брат Златко има државјанство и на Босна и Херцеговина. Тој од судот во Хрватска побара затворската казна да ја одлежи во Босна и Херцеговина.

Според „Хина“, судот во БиХ ќе го одбие барањето на Хрватска за екстрадиција.

Судот во Загреб распиша потерница по Зоран Мамиќ на 12.мај, откако тој не се јавил во затворот.

Scroll to Top