Top Sport

Зошто фановите на Манчестер сити ја свиркаат химната на ЛШ? (видео)

И покрај барањата на водството на клубот да се престане со практиката, навивачите на Манчестер сити уште се лути на УЕФА и на елитното натпреварување, Лигата на шампионите иако постои желбата да се освои големиот трофеј. Зошто е тоа така?

Во 2012 година, кога Сити се вратија во европскиот фудбал преку Лига Европа, УЕФА ги казни „сините“ 30.000 евра за излегување на теренот за второ полувреме „60 секунди покасно“ од предвиденото, едно коло откако фановите на Порто беа казнети со 20.000 евра за расистички навреди кон тогашниот фудбалер на Сити, Марио Балотели.

Потоа дојде конфликтот околу финансиите на богатиот клуб, откако Сити веруваше дека ќе ги избегнат казните за финансискиот фер-плеј по соработката со федерацијата и исполнувањето на условите. Одеднаш, УЕФА ги смени правилата – го смени анексот 11, во кој се тврдеше дека фудбалерите кои имаат договори пред 2010 (пред стапување на финансискиот фер-плеј) нема да се сметаат.  По ова Сити добија голема финансиска казна.

Само четири месеци подоцна на навивачите на Сити не им беше дозволено да влезат на стадионот во Москва за дуелот со ЦСКА и покрај тоа што многумина се одлучија за скапиот меч. Три недели пред мечот, УЕФА ги казни ЦСКА со меч без публика.

По ова следуваше првиот организиран протест, откако организацијата „1894“ побара од фановите на Сити да го свртат грбот кога се свири химната на Лигата на шампионите на „Етихад“. Ова прерасна во гласно свиркање, кое продолжува до денешен ден.

Пеп Гвардиола прави сѐ што може да ја смени ситуацијата. Тој неколку пати се жалеше на слабата посетеност на мечевите од ЛШ и во саботата уште еднаш го повтори тоа.

„Нашите фанови не можат да дојдат на мечеви на Лигата на шампиони, но исто така не можат да кажат дека не заслужуваме да играме за Манчестер сити“, вели Гвардиола.

Scroll to Top