Top Sport

Зошто Ибрахимовиќ во домот има фотографија од стапалата?

Златан Ибрахимовиќ и во 38. година од животот е еден од најдобрите светски напаѓачи. Тој деновиве е актуелен со шпекулациите дека ќе се врати во Милан, а во интервју за Би-би-си, говорел за Пол Погба, Лос Анџелес, своите голови, повредите и…стапалата.

Во неговата автобиографија „Јас сум фудбалот“, се најде фотографија од неговото стапало. Иста таква слика виси на ѕидот во неговата семејна куќа.

„Сопругата не ми дозволува да се фотографирам. Вели дека премногу се зборува за мене и дека не сака да ме гледа и на ѕидовите. Доволно ие што мора да не гледа во живо“, се пошегувал Ибрахимовиќ, а потоа ја проговорил за фотографијата.

„Имам таква фотографија на ѕидот. Тоа (стапалото) ни донесе се што имаме во животот. Тое е потсетник за семејството, не само за мене, на она што имамме. Тоа ни го овозможи ова, крена галама околу мене. Овие две стапала. Оваа прекрасна игра ја играм со моите стапала. Иако палците ми се грди, ја закачив на ѕидот како потсетник. Имаме храна благодарение на стапалата, би требало да ги бакнувате секој ден. Не се шегувам. Стаплата на сите фудбалери во светот се грди, нема убави“, рекол Ибахимовиќ.

Scroll to Top