„Инвесткорп“, инвестицискиот фонд од Бахреин е подготвен да плати 1.2 милијарди евра за Милан, повлекувајќи прашање зошто „росонерите“, со релативно евтин тим и без титула долго време вредат толку многу.
Преговорите на „Инвесткорп“ со американските газди на клубот „Елиот менаџмент“ трае неколку недели, и според „Калчомеркато“, цената за гигантот може лесно да се објасни – „Инвесткорп“ ќе плати 800 милиони евра директно, а 400 милиони евра ќе дојдат од други финансиски институции, вклучувајќи ги банките „Голдман Сакс“ и „Џеј Пи Морган“.
Проценката на цената е следна – 400 милиони евра за проектот за новиот стадион на Милан, 400 милиони за фудбалскиот состав и 400 милиони евра за вредноста на брендот и на приходите кои ги има клубот.
#Milan–#Investcorp: cosa c'è dietro alla valutazione di 1,2 miliardi https://t.co/CLccBWhE9b
— calciomercato.com (@cmdotcom) May 4, 2022