Жозе Мурињо инсистирал Манчестер јунајтед да не го купат Кристијано Роналдо откако португалската мега-ѕвезда одлучила да замине Реал Мадрид ова лето, тврди британскиот „Дејли мирор“.
Мурињо сметал дека во моменти кога му се потребни дефанзивци, Јунајтед не требало да даде над 100 милиони евра за фудбалер кој исто така ќе има плата од 500.000 фунти неделно. Оваа тактика не се исплатеше, откако Мурињо не успеа да донесе ниту еден од посакуваните дефанзивци – Тоби Алдервирелд, Хери Мегвајр и Диего Годин.
Мурињо по ова влезе во конфликт со извршниот потпретседател на клубот, Ед Вудвард, посебно поради неговата желба да даде над 100 милиони евра за 33-годишниот Роналдо, кој на крајот заврши во Јувентус.
Јунајтед не загубиле трипати во првите четири кола во Англија од 1986 година, кога Рон Еткинсон доби отказ и беше заменет од Сер Алекс Фергусон. За да се спречи ова, Јунајтед треба да победи во Барнли денеска.