Top Sport

Зошто нема Французи во Ливерпул? (Видео)

Јирген Клоп, тренерот на новиот клупски светски првак, има едноставно објаснување зошто во Ливерпул нема ниту еден француски фудбалер.

„Нема некоја посебна причина. Килијан Мбапе игра во ПСЖ, Антона Гризман се пресели во Барселона…Би сакале да имаме некои француски играчи, но тие се прескапи за нас“, рекол Клоп.

Последен француски играч во составот на Ливерпул бил Мамаду Сахо, сега фудбалер на Кристал Палас. Сахо црвениот дрес го носел од 2013 до 2017 година.

Scroll to Top